Го замоли својот сопруг да ѝ купи чешел: Што направи тој?

Прекрасна приказна за сиромашен човек кој живеел со својата сопруга.

Еден ден, сопругата, која имала многу долга коса, го замолила нејзиниот сопруг да и’ купи чешел за да може да ја четка косата и да изгледа убаво.

Човекот се чувствувал многу лошо, но морал да каже „не“. Тој и’ објаснил дека нема ни доволно пари дури да го замени скинатото ремче на неговиот часовник. Жената не инсистирала на нејзиното барање.

Кога мажот отишол на работа, застанал крај саатчија, го продал својот оштетен часовник по многу ниска цена и отишол да купи чешел за сопругата. Вечерта се вратил дома со чешел во рацете, подготвен да ја изненади својата сакана сопруга. Но многу се изненадил кога видел дека се потстрижала кратко.

Таа ја продала косата и купила ново ремче за неговиот часовник. Солзите сами им течеле од очите, не заради залудност на нивните постапки, туку заради реципроцитетот на нивната љубов.

Наравоучение: Љубовта не е ништо, да сакаш е нешто, но да сакаш и да бидеш сакан од оној што го љубите, тоа е сè. Никогаш не земајте ја љубовта здраво за готово.