ГО ЗАСЕНИ ПОЛА ХОЛИВУД: Запознајте ја 20 години помладата девојка на Антонио Бандерас

На неодамнешното доделување на наградите Critic’s Choice многу познати дами прошетаа пред објективите на бројните фоторепортери, но една дама беше особено интересна за нив - 20 години помладата девојка на Антонио Бандерас (58), Холанѓанката Никол Кемпел.

По занимање е банкарка, односно инвестициски консултант, а наводно во младоста заработувала и како модел. Модните критичари се вљубија во нејзиниот шик стајлинг кој го промовира на овој гламурозен настан.

Никол се појави во комбинација на здолниште со впечатлив корсет кој ја истакнува нејзината силуета.

Бандерас минатата година и официјално се разведе од Мелани Грифит, а врската со Кемпел долго време ја криеше од јавноста.