Го згрози светот со морбидно нашминкано лице и заврши во затвор: Лажната Анџелина Џоли покажа како навистина изгледа и го шокираше светот - повторно

Приказната за Иранката Сахар Табар (19) пред неколку години го шокираше светот. Лажната двојничка на Анџелина Џоли го измами светот дека направила 50 операции и ослабела 40 килограми за да стане што е можно повеќе слична на филмската дива. Во меѓувреме била уапсена, а еве што и се случило.



Застрашувачките фотографии на Сахар Табар беа глобална вирална приказна. Откако ја измами планетата со своето морбидно нашминкано лице и анорексичниот изглед, таа откри дека главниот виновник за шокантните слики е всушност фотошоп и секако шминката. Од естетските корекции „само“ направила операција на усните и носот и липосукција, признала подоцна.



„Сето тоа е фотошоп и шминка. Секој пат кога објавувам фотографија, си го цртам лицето на неверојатно смешен начин. Така го ставив тоа, тоа е дел од уметноста. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице“, порача Сахар која подоцна на Инстаграм можеше да се види со вистинското лице ниту приближно на изглед на она со „хорор“ фотографијата.

Нејзината измама предизвика бројни негативни коментари и Сахар, или мртвата невеста како што некои ја нарекуваа, беше уапсена во 2019 година во Техеран.



Апсењето е извршено врз основа на наводи за „културни злосторства и социјална и морална корупција“. Таа се соочи со обвиненија за богохулење, поттикнување насилство, стекнување приходи со несоодветни средства и поттикнување млади луѓе на корупција, објави иранската новинска агенција.



Нејзиниот профил на Инстаграм беше затворен, но сега може да се најде страница со нејзиното име, а ја следат нешто повеќе од 18.000 луѓе, додека фотографиите на овој профил датираат неколку години наназад.


Фото: Screenshot Instagram