Го знаеме како дрвосечач од популарниот видео спот на Цеца: Ја напушти Србија и целосно се транформираше

Денес живее и работи во Австралија

Многу генерации се сеќаваат на видео спотот за песната на Цеца „Иди док си млад“ и секси двосечачот кој ги освои сите женски срца. Видеото е снимено во 1995 година, а моделот Џорџе Дувњак тогаш имал само 23 години.

Тој се пресели од Белград во Австралија на почетокот на 2000 година, основа семејство и не се врати во Србија. Денес, веројатно никој не би го препознал. 



Вака Цеца раскажа како изгледал состанокот со Џорџе.

- Бев во Австралија на концерт и како што ја пеев „Иди док си млад“ мислев дека во публиката препознав маж од првиот ред. Немаше начин како да се концентрирам, постојано се обидував да се сетам за кого станува збор. Не можев да се сетам, а потоа по настапот, Џоле ми пријде и ме потсети дека сме работеле заедно. Немаше начин како да се сетам на неговиот изглед иако останавме во контакт, но мило ми е што се сретнавме. Тој и неговата сопруга се снаоѓаат одлично во Австралија, рече тогаш Цеца.


Фото: Youtube/Printscreen

Можеби ќе ве интересира:

Откриено: Колку пари заработува Цеца од Инстаграм