ГОЛЕМА ГРИЖА ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Ангажираат соседи, роднини или приватно плаќаат некој да им ги чува децата од 1 октомври

Секоја година на почетокот од школската година настанува некаков проблем, некоја година поситен, некоја поголем, но дефинитивно за родителите и сопствениците на приватни фирми 2020 е вистинско измачување. Родителите мака мачат со прашањето кој ќе им ги чува децата, дали ќе може 6,7, 8 годишни деца да се чуваат, односно да се гледаат сами. Оние кои се одлучиле за физичка настава од 08:00 до 11:00 часот ќе имаат надзор во училиштата, но сите оние чие родители одлучија нивните деца да учат онлајн дали имаат дома компјутер, таблет или смарт телефони преку кои ќе можат да ја следат нормално наставата.

Се поблиску сме до почетокот на новата учебна година, која годинава ќе започне на 01 октомври поради пандемијата од коронавирус, но голем број на прашања ги мачат и сопствениците на прватните фирми, тие велат дека работата повеќе не смее да трпи.

Што велат родителите за новонастаните грижи на мајките и татковците прочитајте на Фактор.мк