Голема прослава во домот на Огнен Амиџиќ: Се огласи водителот, а веднаш потоа и Мина - Поводот е прекрасен

Добивај вести на Viber

Синот на водителот Огнен Амиџиќ и Данијела Димитровска денеска слави роденден.

Гордиот татко на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија од одморот, на која напиша:

- Матија, среќен роденден. Биди џин, а светот нека остане мал – напиша Огнен, а потоа објави и неговата сегашна сопруга Мина.

- Мато, постар батко, те сакаме! Среќен ти прекрасен ден – напиша Мина на споменатата фотографија.

„Ми е гајле што мислите за името на моето дете!“

Името на наследникот на водителот и неговата сопруга Мина не престанува да ја интригира јавноста.

Кога најавија дека ќе го крстат својот син Перун, по старословенскиот бог на громот и небото, имаше бројни реакции.

- Ми е гајле што мислите за името што го избрав за моето дете. Во принцип, не ми е гајле што мислите за ништо. Сакам да слушам мислење само кога го барам. Одржувајте лична хигиена и бидете добри со мене – изјави тогаш Мина.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs