Горан Бреговиќ скршен од болка: Загуби сакана личност

Семејна трагедија кај еден од најпознатите музички sвезди на овие простори, седумдесетгодишниот Горан Бреговиќ.

Имено, неговата помлада сестра Дајана Бреговиќ-Мариќ (61) почина во Сплит. Семејството Бреговиќ моментално минува низ многу тежок период, а болката што ја чувствуваат е неопислива, пренесуваат хрватските медиуми.

- Во длабока болка, известуваме дека г-ѓа Дајана Бреговиќ Мариќ одеднаш нè напушти. Поради голема тага беше извршен тивок погреб со потесното семејство на гробиштата Ловринац - пишува во некрологот, апренесуваат хрватските медиуми.

View this post on Instagram

A post shared by Goran Bregović (@goran_bregovic_official) on


- Дајана Бреговиќ Мариќ е помладата сестра на славниот музичар Горан Бреговиќ. Горан ја помина својата младост со неа затоа што неговите родители Фрањо и Борка беа разведени, па тој живееше малку со неговата мајка во Сараево, и малку со неговиот татко во Сплит, каде што сега починатиот татко служеше во ЈНА и основаше свое семејство - пренесуваат хрватските медиуми.

Загубата на член на семејство е секогаш крајно болна. Во вонредни услови, кога пандемијата го оневозможуваше збогувањето, ваквите моменти имаат посебно влијание врз семејството. Погребот се одржа во кругот на најблиското семејство, на гробиштата Ловринац.


Фото: hellomagazin.rs