Горда сум, лузната е моја сила: Имала 40 конци по царскиот рез, сега покажа како изгледа нејзиниот стомак

Мајката Ерин Бахадур (36) во декември минатата година го родила своето второ дете, девојчето Реми. Таа претрпела итен царски рез по што имала 40 конци на стомакот, а сега гордо ја покажува лузната на Инстаграм, што за неа е симбол на нејзината сила.

„Јас сум визуелен тип, па фотографиите со лузни ми помагаат да го нормализирам она што се случи со моето тело. Понекогаш, поради хормони и непроспиени ноќи, ги забораваме првите денови. Сакав да им покажам на другите жени дека не секое раѓање е исто и дека треба да се слават и оние нетипичните. Лузната претставува сила за мене. Се восхитувам што има место преку кое сум отворена за да излезе друг живот. Ова е вратата преку која дојде ќерка ми на свет и јас сум многу горда - напиша Ерин на Инстаграм“.



Оваа мајка била подложена на царски рез поради плацентата превиа, што значи вродена плацента над внатрешното грлото на матката, што го прави целосно или делумно непроодно за време на породувањето. Многумина и честитаат на фотографиите од лузната што често ги објавува.

- Периодот по породувањето не е секогаш прекрасен. Тој е неуреден, крвав и застрашувачки. Емоциите понекогаш се посложени од било што друго кое што физички сме го доживеале - рекла таа истакнувајќи дека многу слики од мајки на Инстаграм се едноставно нереални.

- Гледаме розови сцени на породување и мајчинство, но моето искуство, и кај двете раѓања, покажува дека тоа не е секогаш така. Заради насмеани мајки и бебиња, на жените може да им биде тешко да прифатат дека поминале низ траума. Сакам да зборуваме за работи за кои луѓето не зборуваат. Сакам да ги видам и слушнам сите жени - пишува таа.


Извор:Жена.блиц

Вишок кожа на стомакот после две деца е нормална работа: Елена Бубало покажа дека е горда на своето тело (ВИДЕО)

Сара гордо го покажува своето тело по 4 деца: Мое тело.Сега и засекогаш моќно (ФОТО)