Гордана Јанкулоска го покажа синот: Погледете колку пораснал Петар кој наскоро ќе полни 7 години

Добивај вести на Viber

По повод Велигден со честитка и порака за празникот на социјалните мрежи се огласи и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„За многу години Велигден!
Да го празнуваме животот и да ги отвориме душите за љубов и радост. Господ нека ни даде сили да ги надминеме искушенијата и да истраеме во секое добро дело.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!“ - напиша таа на Инстаграм а покрај пораката објави и фотографија на која позираа со сопругот Влатко и синот Петар.

Она што на многумина им падна прво во очи е тоа колку пораснал Петар.


Синот на Јанкулска во јуни ќе полни седум години.

Гордана за прв пат како мајка се оствари во 2018 година.


ФОТО: Инстаграм принтскрин