Гордост: Јулија Ѓорѓиевска од Македонија ја освои титулата Мис Европа на избор за убавина во Турција

Добивај вести на Viber

Македонката Јулија Ѓорѓиевска (26), од Крива Паланка ја освои титулата Мис Европа, на изборот за убавина Кралица на Евроазија 2024 кој се одржа во Анталија, Турција.

Јулија на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија. 

Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.

Нашата Јулијана која гордо ја претстави Македонија е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина. 

Ова беше10-то, јубилејно издание на QUEEN OF EURASIA, во организација на агенцијата EURASIA STARS EMPIRE од Москва, Русија.