,

Греено вино по специјален рецепт: „Бомба“ за имунитет и регулирање на крвниот притисок

Добивај вести на Viber

Општо е познато дека вареното/грееното вино позитивно влијае на здравјето. Делува како течен антиоксиданс и го штити срцето и крвните садови

Вареното вино, магична напивка може да се користи и за ублажување на симптомите на настинка. Тоа е корисно во случај на забавен метаболизам, како и намалено либидо. Исто така, билките кои се додаваат во него играат значајна улога во лековитите својства на овој пијалок.

Секако, тоа не значи дека често треба да пиеме големи количини варено вино. Не се препорачува пиење повеќе од 3 децилитри дневно. Оваа количина е сосема доволна за да го покаже своето позитивно влијание врз нашиот организам.


За што е добро црвеното варено вино?

Како што веќе спомнавме, виното содржи бројни материи кои позитивно делуваат на целиот организам, на јакнење на имунитетот, а црвеното варено вино се користи и како лек за настинка.

Варено вино за настинки

Вареното вино е идеален природен лек за настинка токму поради тоа што, меѓу другото, има и антивирусно дејство. Покрај се, виното содржи и витамин Ц, кој е главен во зајакнувањето на имунитетот, кој е многу важен кај настинките. Дополнително е ефикасен кога ќе му се додаде некој зачин како каранфилче или цимет. Вареното вино против грло и кашлица е особено популарно во зимскиот период од годината бидејќи тогаш најмногу владеат вирусите. Исто така, можете да додадете сок од лимон во варено вино за настинки, болки во грлото и кашлица за да го подобрите лековитото дејство.

Како се прави виното?

Виното обично се готви во комбинација со некои зачини како цимет, каранфилче, бибер, морско оревче, чили, кора од портокал, кора од лимон, ѓумбир итн.

За готвење можете да користите и црвено и бело вино. Најдобро е да користите квалитетно вино за готвење, кое инаку би го пиеле. Како засладувач можете да користите шеќер или мед. Виното се готви на тивок оган за да добие посилен вкус на зачин. Виното треба да се тргне од оган пред да зоврие (приближно 80 степени). Вареното/Грееното вино треба да се пие додека е уште топло.

Како да направите вино за настинка?

Рецептот за црвено варено вино за настинки е исто толку едноставен како рецептот за бело варено вино.

Ви требаат следниве состојки:

-1 чаша црвено вино

-1 шолја вода

-1 лажица мед

-прстофат црн бибер

-прстофат морско оревче

-прстофат цимет

-4 парчиња каранфилче

-Кора од 1 портокал

Подготовка:

Прво загрејте го виното, а потоа додадете ги останатите состојки и варете на тивок оган. Смесата од виното и зачините тргнете ја од оган пред да зоврие, кога температурата ќе достигне некои 80 степени.


Фото: Канва

Супер вести: Една чаша црвено вино има ист ефект како еден час во теретана