Хаотично е, но убаво: Емотивна приказна за семејство со девет деца (ФОТО)

Фото: Инстаграм/maxinelee_y

Чудни се Божјите патишта, а ова семејство го докажува тоа!

„Не планиравме да имаме толку големо семејство, но бебињата беа наменети за нас“, рече мајката на овие 9 деца.

Брачен пар од Пенсилванија - Максин и Џејкоб Јонг се венчаа во 2016 година и отсекогаш сонувале за големо семејство.

Исто така, тие сакаа да посвојат деца од сиропиталиштето, подготвија документација и четири деца дојдоа во нивниот дом.

По две години брак, Максин роди момче и релативно брзо по првото раѓање, таа остана повторно бремена. Но, тоа не беше обична бременост - лекарите се изненадија кога сфатија дека Максин носи четири бебиња. 

„Не беше баш како што планиравме. Не планиравме да имаме толку големо семејство, но бебињата беа наменети за нас", изјави мајката за списанието „Пипл“, која минатата година ја роди слатката четворка. Иако лекарите биле скептични, Максин добро ја поминала бременоста и роди здрави бебиња: „За време на бременоста, се обидовме да гледаме на работите како благослов“. 


Секојдневието може да биде голем предизвик за нив, Максин и Џејкоб велат дека не можат да го замислат животот поинаку без деветте деца: Хаотичен е, но е убав. Прекрасно е да се гледаат нашите постари деца Ајден (9), Паркер (6), Конор (5) и Елиот (4), Анри (3), како ги држат и чуваат бебињата Бек, Силас, Теа и Сицилија. Јас и Џејкоб се смееме кога ќе се сетиме дека ќе имаме дете во секое одделение од основно училиште“, изјави парот.


Извор: yumama.com

Можеби ќе ве интересира:

Кристина се омажила за 33 години постар милионер, имаат 21 билолошко дете и 16 дадилки: Ова е нивната приказна