„Хари живее во страв дека ќе ја загуби Меган“: „Сите мажи во кралското семејство бираат жени по калап, јас мојата ја избрав со срце“

Добивај вести на Viber

Експертот за говор на телото Џуди Џејмс истакна дека принцот Хари покажал многу интензивни емоции во првите епизоди од експлозивниот документарец на Нетфликс, во кој тој и неговата сопруга Меган Маркл ја раскажуваат својата страна на приказната за разделбата во британското кралско семејство.

Џејмс тврди дека војводата од Сасекс е „полн со бес“ во повеќето сцени во документарецот, како тагата за смртта на принцезата Дијана, неговата мајка, да е сè уште присутна. Таа исто така додаде дека Хари испуштал чувство на вознемиреност и дека изгледал како дете кога се присетил на својата прва средба со Меган и кога таа нежно го искарала дека доцнел и дека воопшто целото негово однесување се сведува на страв за губење на саканата жена.

Таа нагласува дека јасно се чувствува дека Хари има постојан страв да не ја изгуби сопругата.

„Стравот на Хари од губење на Меган изгледа е нешто што трае, што укажува на еден вид интензивна љубов, но кое вклучува високо ниво на вознемиреност“, истакнува Џуди за „Дејли мејл“ и додава дека оваа вознемиреност е значаен дел од динамика на неговиот однос со Меган.


Џејмс објасни дека се чини дека Меган е таа која е подоминантна, но и посигурна во оваа врска: „Меган овде изгледа како самоуверен партнер, која  опишува како ја поминала кариерата, животот и нејзиниот пат додека не се појавил Хари, превртувајќи ги очите, но на тој толерантен начин, а потоа ги стиска усните и одмавнува со главата како да сугерира дека тој ѝ го нарушил слободниот, забавен и успешен живот“.

Овој експерт за говор на телото забележува и колку гнев, неверување и тага зрачеле од Хари. Таа го коментираше и селфито кое Хари го направи на аеродромот Хитроу во март 2020 година, кое се појавува на почетокот на документарецот: „Документарецот се отвора со фотографија на Хари што ги прикажува сите невербални сигнали на човек кој штотуку бил сведок или преживеал некои ужасна катастрофа“. Џуди верува дека целиот овој документарец е наменет да биде емотивно суров и дека Хари ги покажува своите најинтимни емоции, како и дека војводата покажал „високо ниво на стрес и анксиозност“ и „сигнали на ментална конфузија“.


„Тој не може да се сети кој ден во неделата е. Неговото дишење и брзото трепкање укажуваат на адреналински стрес. Неговите невербални знаци укажуваат на негирање и генерално тој изгледа како човек кој сè уште е во шок", рече таа.

Џуди коментираше дека Хари не се плаши да покаже емоции на тага во документарецот, особено кога зборуваше за своето детство и Лејди Ди: „Соло интервјуто на Хари ни покажа човек кој сè уште ја оплакува својата мајка и сопственото детство. Неговите очи се вперени во оној кој го води интервјуто, а не кон камерата, тој опиша како неговиот живот станал токсичен благодарение на печатот“.


Таа исто така додаде дека војводата од Сасекс дава сигнали на потиснат гнев и огорченост додека зборува за прогонот на печатот што го претрпел како дете. Меѓу другото, документарецот се фокусира на раните денови од романсата на Хари со Меган, па Џуди истакнува дека сме имале можност да го запознаеме заљубениот Хари: „Прикажан ни е заљубен Хари кој е маѓепсан од неговата сопруга, целосно воодушевен, но и вчудоневиден, и со впечаток дека мора да „жртвува сè за да дојде во неговиот свет“ како да мора да ја напушти палатата за да живее со него во неговата колиба“.

Хари во документарецот инсистираше дека неговата одлука да се ожени со Меган го издвојува од остатокот од неговото семејство, алудирајќи на неговиот татко, а можеби дури и на неговиот брат, затоа што тоа го правел од срце, а не затоа што таа ќе се вклопи во посакуваниот калап. 

„Мислам дека за толку многу луѓе во моето семејство, особено за мажите во него, може да има искушение да се оженат за некоја што одговара на калапот, наспроти некој со која можеби треба да бидат. Тоа се две одлуки - одлука од глава и одлуки од срце. А мајка ми сигурно повеќето од своите одлуки - ако не и сите - ги носеше од срце. А јас сум син на мајка ми“, изјави Хари.

Инаку, овој 38-годишник постојано ги споредувал принцезата Дијана и неговата сопруга, тврдејќи дека и двете биле мета на медиумите кои постојано ги „ловеле“ нивните грешки.


Фото и Видео: Youtube/ Инстаграм/Твитер

Извор: блиц