Хелен Мирен има 79 години и пука од самодоверба: Не се фарба, не ги пегла брчките и сѐ должи на златните совети на мајка ѝ
Хелен Мирен (79) се појави во четвртокот навечер на еден настан и го украде целото внимание во уште едно сензационално издание.
Хелен Мирен самоуверено чекори во осмата деценија и блескаше во фустан во лаванда боја со впечатливи сребрени светки. Ништо помалку не очекувавме од смелата оскаровка, секогаш подготвена за модни експерименти.
Елегантната креација која ја следи линјата на телото, Хелен ја комбинираше со виолетова чанта и сребрени сандали на платформа.
Седата коса ја украси со сребрена лента, а како накит носеше интересни виолетови обетки кои му дадоа посебен шарм на нејзиниот стајлинг.
фото: printscreen instagramХелен Мирен има 79 години, а со ова издание уште еднаш покажа дека годините се само бројка и дека харизмата често е пресуден фактор.
Хелен Мирен е една од ретките жени во суровиот свет на шоу-бизнисот која не се плаши од стареење и ги става духовните квалитети пред физичките. Таа не ја бојадисува својата седа коса, па на овој настан гордо им го покажа на сите и со тоа рече дека стареењето е нормална работа дури и под рефлекторите. Нејзиниот одличен изглед во осмата деценија се должи и на нејзината самодоверба.
– Како што старееш, твојот живот станува поисполнет. Станувате помудри, неизбежно, бидејќи знаете повеќе работи. Првиот пат кога дојдов во Кан беше толку интимно, страшно и поразително. Сега можам да се смеам на тоа и да уживам. Јас го доживувам како настап. Мора да имате фустан кој ви стои. Идеалниот фустан е удобен, но тоа е сосема идеалистичко бидејќи многу од овие фустани не се удобни, но изгледаат неверојатно – изјави таа за британски Вог.
Актерката во една прилика им откри на медиумите дека нејзината мајка верувала дека не треба да се плаши од стареењето, а ова е една од важните животни лекции што ѝ ги пренела. Затоа Хелен Мирен и во осмата деценија продолжува да се грижи за своето тело со едноставни вежби и не дозволува истото да забави и слабее.
Насловно фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN