Хелена Роза ја доби најубавата вест за нејзината ќерка: „Мојата гордост, паметна девојка, принцеза“
Кјара Гоља, ќерката на поранешната македонска водителка Хелена Роза официјално е дипломирана адвокатка.
Водителката среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, и како секоја мајка горда е на својата успешна ќерка.
„Мојата гордост, мојата паметна девојка, мојата принцеза. Официјално Кјара Гоља адвокат на високиот суд во Нов Зеланд“, напиша Роза на фотографијата.
Покрај нејзината мајка, Кјара ја има неизмерната поддршка од нејзиниот сопруг Стефан Пауни.
„Јас агент/директор и адвокат шетаме во соба … некако ги избравме најомразените професии во Нов Зеланд, но правиме еден тим од пеколот“, напиша Кјара.
Во август оваа година Кјара и Стефан направија семејна веселба по повод нивната венчавка.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Официјално Господин и Госпоѓа Пауни: Ќерката на Хелена Роза правеше венчавка во Нов Зеланд
„Ми ја запросија мојата лепотица“: Ќерката на Хелена Роза, Кјара, кажа „Да“