Хелена Роза во центарот на вниманието во Нов Зеланд: Се појави во уникатна креација на висока мода

Добивај вести на Viber

ТВ водителката и сестра на пејачката Ребека, Хелена Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд. За животот таму, во неколку наврати Хелена истакнува дека е мирно и убаво место, и дека таму луѓето се позитивни и секогаш насмеани.

Во градот Окленд, Хелена Роза е со децата, 22 годишната Кјара - девојка која убавината ја наследила од својата мајка, малиот Тиан и сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер. 

Овој пат атрактивната Хелена објави фотографии од уникатна модна креација од познат новозеландски дизајнер.

„Вчера имав чест да носам фустан на една од нај познатите Ново Зеландски дизајнери на висока мода - Cecilia Kang.

Сесија е дизајнер кој има соработувано со Италијанскиот и Британскиот Вог и има дизајнирано и облакано многу светски звезди.

Чуството да се носи ваков рачно изработен фустан е непроценливо.

Се осеќам многу горда што ми беше укажана оваа чест.

Ти благодарам Сесилиа.“ - напиша Роза во описот на фотографиите на кои изгледа како вистинска кралица.