Херој на денот: Мила клоцна една голема грижа, а кога ќе порасне ќе лекува дечиња

Уште еден боред кој ја победи страшната болест. Од организацијата „САНО“ објавија видео од една мала, но голема херојка.

- Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата. Денес клоцна една голема грижа, така и треба- пишува под видеото на кое малата Мила со својата мајка го удира ѕвончето за крај на болеста и сите трауми од неа.