(ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА) Сакам да танцувам во спотовите на нашите пејачи: Интервју со Цако

Добивај вести на Viber

Тие се меѓу нас, наши соседи, пријатели, роднини. Исти сме. Сепак тие се своевидни херои на денешницата. Во годината што измина многумина ги пробудија нашите емоции, ни предизвикаа радост, тага, солзи. Со нивните дела не инспирираа до срж. За Фактор, Женски магазин и Хаштаг тие се херои на годината. 

Александар Матовски, познат како Цако, е младо и сестрано момче со Даунов синдром. Тој е еден од танчарите од танцовото студио „Dancers United MK“ кои го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци кое што се одржа во Киелце,Полска. 

Цако е творец на поезија, водител на своја радио-емисија и секојдневен борец за човековите права. Неговото семејство е негова најголема поддршка, особено сестрата Марија. Таа се појавува како верен придружник на Цако на многу настани, меѓу кои и Светската конференција во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, каде тој ја раскажа својата приказна како прв македонски студент со Даунов синдром. 

Цако е супер харизматично момче, кое за Женски Магазин, откри дел од своето секојдневие.

* Кој е Александар Матовски?

- Човек со многу идеи. Смел и упорен. Кога нешто работам, го работам до крај.

* Од каде го доби прекарот Цако?

- Едноставно од Нанами. Таа ми го даде овој прекар.

* Која е животната приказна на Цако, како дете со Даунов синдром?

- Нема да говорам многу, само со неколу збора ќе ја раскажам . Роден сум 1991-ва година со Даунов сидром. Но ова не ми пречи да го живеам животот како што знам .

* Дали се соочуваш со стереотипи, како средината те прифаќа?

- Не сум се соочил со стеротипи, можеби затоа што сум борец. Не ме допираат никакви коментари. Прифатен сум од сите лица кои ме сакаат.

* Како поминува еден твој ден?

- Денеска станав и си направив кафе и сок. Конкретно денес го пишувам ова интеврју. Па ќе имам некои гостувања. Се враќам дома и им праќам мал вовед за мојата емисија за која ќе говорам подолу.

* Твои омилени активности?

- Танцот, поезијата и мојата радио емисија. Посетување на некоја изложба од моите пријатели.

* Колку е тешко/лесно да се подготви емисијата „Јас сум Цако“? Колку уживаш во радиото и во новинарството?

- Не, не е тешко, туку предизвик ми е да си ја работам и натаму мојата емисија. Да, многу го сакам новинарството. Се надевам дека оваа емисија ќе оди и во ТВ просторот. Бидејќи во нашава земја е потребна ваква емисија, каде говориме за убавините и предизвиците на младите со поречености. А не да ги заборавиме.

* Што има ново во твојот љубовен живот. Дали си заљубен ?

- Имам девојка, таа е од Србија.

* Како студент на Педагошкиот факултет во Скопје, со кои предизвици се соочуваш, и зошто го избра токму овој факултет?

- Го избрав затоа што јас ја сакам психологијата и децата.

* Заедно со твојата танчарка група ни донесе злато во Македонија? Од каде љубовта кон танцот? Која ти е омилена песна за танцување?

- Да, бевме во Полска, поточно во градот Килце, каде јас и моите пријатели го освоивме првото место. Ако ме прашувате мене лично, ќе ви одговорам „Кад би ове руже мале“ .

 * Колку си горд на себе? Која е твојата мотивација што те води низ животот?

- Многу сум си горд и тоа ме прати во животот.

* Со кој проблеми и потешкотии се соочуваш во Македонија? Што сметаш дека е потребно за да се подигне свеста за лицата со попреченост?

- Не, немам никави проблеми или потешкотии. Единствено би советувал да не се бара влакно во јаjцето. Тука би ја подржал министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во нејзините борба за овие лица.

* Каде и како се гледаш себеси за 10 години?

- Јас би сакал да учестувам во спотови на нашите пејачи како танчар. И да напишам по неоја песна за нив. Секако дека ќе си ја продолжам и мојата емисија .

* Што би им порачал на младите во Македонија?

- Дечки, бидете свои, само така ќе постигнете успех .

Даница Караташова