Хит француска пунџа: Се прави за 5 минути дома, одговара на секоја должина и форма на коса (ВИДЕО)
Може да изгледа многу лежерно или ултрагламурозно, во зависност од приликата.
Колку и да сакате свежо измиена и исушена коса, понекогаш е едноставно полесно, но и поелегантно, кога е собрана во пунџа.
Во последно време, се почесто гледаме шик и софистицирани chignon или француски пунџи, кои се чини дека повторно се хит! A војвотката Кејт Мидлтон често ја носи:
Овој софистициран изглед на француска пунџа беше популарна во античка Грција, како и во викторијанската ера, и повторно за време на Втората светска војна. Денес е една од најчестите фризури на црвениот тепих, но и фризура што може да се направи многу лесно дома.
Може да биде многу лежерна или ултрагламурозна, а сето тоа зависи од изгледот што сакате да го постигнете.
Првата варијанта е одлична за секој ден, додека втората е посоодветна за вечерни пригоди и празнични настани. Тоа е одлична алтернатива на високото или ниско опавче и можете да ја носите кога сакате да го одложите миењето на косата, но во тој случај ја предлагаме опцијата „залижана“.
Погледнете на видеото како да направите елегантна француска пунџа чекор по чекор за помалку од пет минути:
-(ФОТО) Џенифер Лопез со фризурата на сезоната: Кратка коса за помлад изглед
-(ФОТО) Шишки кои стојат на сечие лице: Фризура од 70-тите што мора да ја пробате
-(ГАЛЕРИЈА) Резултатите воодушевуваат: Неверојатни трансформации од долга во кратка коса