Хју Грант жестоко ја прозва Ешли: Срам на Оскарите, дали е можно ова?

Добивај вести на Viber

Актерот лошо се однесувал кон манекенката Ешли Греам...

Синоќа се одржа 95-тото доделување на Оскарите или скратено Оскарите. Меѓу првите кои пристигнаа беше плус сајз моделот Ешли Греам, која известуваше од церемонијата за ABC.

Иако многумина се воодушевени од нејзиниот изглед, истото не може да се каже дека било и за актерот Хју Грант. Имено, Ешли известувала од церемонијата и прашањата биле упатени до споменатиот актер. Тој отворено го покажа својот презир кон моделот. Ѕвездата на филмот „Четири свадби и погреб“ ја направи ситуацијата непријатна. Имено, тој толку кратко и незаинтересирано одговараше на прашањата што беше забележлива неговата нетрпеливост.

Кога го прашала за неговите искуства од снимањето, разговорот одел вака:

- Сепак беше забавно, се забавуваше, нели? – праша манекенката, а тој само одговори:

- Хм... скоро.

View this post on Instagram

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham)



Таа продолжила да го испрашува за тоа што облекол, на што актерот одговорил: „Мојот костум“.

На гледачите им беше крајно непријатно со текот на дијалогот, но ја пофалија Ешли како се справи со него. Некои се пошегуваа дека таа заслужува Оскар затоа што го поднесува. Други напишаа дека поради неговиот безобразлук попрво ќе се сокријат под стол, пишува „Дејли мејл“.

Инаку, манекенката повторно беше во центарот на вниманието поради стајлингот кој гордо го носеше. Велат дека никогаш не може да го соблече „голиот фустан“, но го носи совршено. Најмногу ја критикуваат затоа што ги прекршува модните стандарди, а бројот на нејзините килограми постојано се споменува за многумина да ја оспорат нејзината позиција во модата. Стајлингот за наградата беше во склад со нејзината улога, но од неа секогаш се очекува повеќе. Овој пат беше умерена во црна комбинација со необична фризура, делуваше елегантно и префинето. Сепак, не помогна да се игнорира разговорот со актерот кој уште повеќе и ја отежна улогата.


foto: instagram