Холивудската актерка осудена поради злоставување и силување на 13 годишно девојче: Сѐ почнало кога имала 14 години и добила свој господар

Холивудската актерка Зара Фитиан, најпозната по улогата во филмот „Доктор Стрејнџ“ од универзумот на Марвел, e прогласена за виновна за сексуални престапи со деца и осудена на затвор.

36-годишната Зара и нејзиниот сопруг Виктор Марк (59), мајстор во теквондо, заедно се обвинети по 14 точки, кои вклучуваат различни видови сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче.

Девојката била тероризирана три години во периодот од 2005 до 2008 година, а жртвата била малтретирана „еднаш или двапати месечно“ најмалку 20 пати во различни наврати кога по правило била опиена со рум.

Покрај заедничките обвиненија, сопругот на Зара беше обвинет и за уште четири точки од обвинението за напад на друго девојче, тогаш 15-годишно, меѓу 2002 и 2003 година.

Двојката ги отфрли сите обвиненија, но поротата ги прогласи за виновни по 12-дневното судење во судот во Нотингем. Двојката се држеше за раце на обвинителна клупа додека им беше изречена казната, а актерката имаше солзи во очите и ужасен израз на лицето, пренесува „Дејли мејл“.

Британските медиуми тврдат и дека самиот почеток на врската на Виктор и Зара е проследен со слична шема на додворување, односно примамување во врска, што тие го користеле при злоупотреба на оваа жртва. Двојката се запознала кога актерката имала 14 години, а тој 37, кога таа почнала да го посетува неговото спортско Шампионско училиште.

Имале сексуални односи кога Зара наполнила 19 години, а откако ја откриле врската, Виктор се развел од тогашната сопруга Џулиета. Во тоа време, тој беше еден од водечките тренери за боречки вештини во ОК и дури беше шеф на Светскиот конгрес на асоцијации за боречки вештини.

На судењето беа презентирани некои бизарни детали, како што е фактот дека Зара на 17 години поминала древна церемонија во кинескиот храм Шаолин, на која го прифатила Виктор за свој „господар“. Таа се поклонила пред него, изговорила традиционални стихови и ми се заколнала на верност, ветувајќи ми дека ќе направи се што ќе побара од неа, дури и ако тоа е спротивно на нејзините вредности.

„Откако ќе прифатите некого за свој господар, мора да слушате што се бара од вас да правите или кажете. Тоа е како да си роб затоа што си на милост и немилост на господарот. Не треба да размислуваш за себе затоа што твојот Бог е господар. Виктор ја користел својата моќ како мајстор за боречки вештини за да доминира и да ги контролира младите девојки“, рекол неименуван извор кој еднаш тренирал со парот.

Друг извор кој го познава парот истакна дека Зара веќе имала црн појас кога почнала да ја посетува академијата на Виктор и дека била одличен борец.

Тој првично посветил многу време и енергија на нејзиниот развој. Очигледно беше дека таа му е омилена ученичка и го сака тлото по кое оди. Беше многу чудно кога дознавме дека се заедно, најмногу поради разликата во годините. Џулиет беше уништена затоа што остана сама да го воспитува нивното дете“, рече тој.

За време на полицискиот распит Фитиан рече дека девојката која ја поднела тужбата „измислила се“.