Храбрата Марија сè уште се бори со ракот на дојка со насмевка: Во секоја страшна работа се крие можеби најголемиот благослов

Марија Бунда е млада сопруга и мајка, и дерматолог по професија. Таа пред повеќе од една година откри дека има рак на дојка на само 28 години и реши да ја сподели својата борба со јавноста.

Моментално Марија е во Англија каде го продолжува лекувањето кај својата мајка која е радиолог на дојки во Англија и ментор на спезијализанти од Кембриџ.



Марија секојдневно испраќа пораки до сите девојки и жени да прават редовен самопреглед на дојките, бидејќи ракот на дојка може да се превенира.

Таа овојпат со насмевка на лицето сподели дека прима нова хемотерапија, од која косата почнува многу ѝ паѓа, но дека тоа не е воопшто важно и важно е дека се чувствува убава, а за тоа најмногу заслуга му даде на својот сопруг и на себе си.



Таа им упати порака со позитивна енергија на сите кои моментално поминуваат низ истото.