Храбро модно издание на кралицата Летиција: Кејт Мидлтон никогаш не би се осмелила да облече нешто вакво

Ваквите фустани, припадниците на кралските семејства ретко ги носат...

Под посебни епидемиолошки мерки во Музејот „El Prado“ во Мадрид, се одржа доделувањето на новинарските награди „Francisco Cerecedo“.

Шпанскиот кралски пар со своето присуство традиционално ја зголеми актуелноста на овој настан. Кралицата Летиција е поранешна новинарка и ТВ водителка, па доаѓањето на ова доделување не го пропушта веќе 16 години.

Помеѓу нејзините најдобри модни изданија се најде и она што го носеше на едно од доделувањата. Па така модните критичари особено го паметат и фалат она од 2017 година, кога носеше бел мини фустан од Тереза Хелбиг, стар девет години со црни кадифени прерамки.

Тоа беше прилично смел потег за една кралица, бидејќи жените што се на нејзината функција генерално не носат такви парчиња облека, но имајќу предвид колку добро изгледаше во фустанот, никогаш не можеше да ѝ замери.

Оваа година, таа одбра едноставен модел и носеше црн фустан од брендот „Емпорио Армани“ во комбинација со салонки „Маноло Бланик“.

Иако на прв поглед ова е многу поконзервативен фустан, високиот отвор на страна, што доаѓа до израз само при движење е исто така нешто што ретко се забележува кај членовите на кралското семејство.

Така, на пример, никогаш не сме ја виделе војвотката Кејт Мидлтон во ваква облека, а веројатноста дека ќе носи во иднина е многу мала.