Хуман гест на пензионерка: Својата куќа ја подари на семејство кое остана без кров над главата!

Фото: pixabay

Отпрвин таа сакала да ја продаде куќата и да ги даде парите за хуманитарни цели, сепак поминало некое време, и бидејќи немало сериозни купувачи, дошла до друга идеја.

Хуманиот гест на Љубинка Николиќ ги воодушеви сите. 

Љубинка од својата тетка наследи куќа со градина и некое друго земјиште во Полјана, а реши да донира дел од наследството.

Љубинка, пензиониран просветен работник од Пожаревац, наследи куќа со градина и некое друго земјиште во Полјана, од нејзината тетка Алексија Стевиќ, која немала деца. Иако куќата е прилично стара, Алексија живеела во неа до пред две години.

Првичната идеја била да се продаде куќата во вредност од три до пет илјади евра, и да се исплатат тие пари за лекување на болни деца. Сепак, поминало некое време и бидејќи немало сериозни купувачи, дошла до друга идеја. Во договор со нејзиното семејство, ќерката Наташа, зетот Владан и внуката Нина, Љубинка реши да донира дел од наследството. - Владан Пауновиќ, локален жител, помогна да се одлучи кому му е најпотребен покрив над главата, рече Љубинка за Е-Бранишево.

- Кога слушнав дека сакаат да ја дадат куќата во хуманитарни цели, се сетив на Бојан Марковиќ, тој е многу добро момче кое има семејство, жена и дете на една година и нема каде да живеат. Сакав да помогнам и им предложив да му дадат куќа како подарок - изјави за Е-Бранишево Владан Пауновиќ од Полјана ...