Хуманитарна акција: 170 оброци за бездомници низ Скопје поделени од AirCare Амбасадорите

За време на викендот Амбасадорите на AirCare поделија 170 оброци на бездомните лица во Скопје. Акцијата на AirCare е во соработка со организацијата Вистински дела на љубезност и Бучен Козјак.


Доколку сакате да помогнете и вие, отворете ја апликацијата на AirCare, кликнете на копчето „Стани AirCare Амбасадор“. Со месечна донација од $5.99, ќе помогнеш како тим да продолжи борбата за чист воздух, а 50% од донацијата оди кон вакви хуманирани акции што се случуваат секој месец!


Фото: Фејсбук