Капитол мол изминатиов период беше полн со млади луѓе кои со своите родители го бараа своето омилено парче облека за нивната матурска вечер. Поттикнати од нив и од посетителите, Капитол мол ја организираше кампањата „Креатори на насмевки“, во чиј склоп се одржа хуманитарна аукција за донација во СОС Детско село.
„Секоја година ги гледаме нашите деца како растат, како завршуваат средно образование и се подготвуваат за матура. Овие денови тие прославуваат еден важен период кој ги води по патеката на самостојниот живот. Проектот ‘Креатори на насмевки’ е многу важен за нас, затоа што ги поттикнува луѓето да бидат хумани и општествено одговорни и заедно им испраќаме порака на децата дека е време да ги остварат своите соништа и дека не се сами во тоа. За таа цел би сакала да упатам огромна благодарност до Капитол Мол како организатори на проектот, Карписа и ФОН Универзитет кој се погрижија за прекрасните чанти, како и Џус Бар Диван како домаќини на настанов, а и воедно го понудија наменски направениот коктел ‘smile creator’.“, изјави Александра Спасевска од СОС Детско село.
„Секоја година пробуваме на различен начин да ги направиме матурантите среќни и нивното искуство ни потврдува декауспеваме во тоа. Оваа година, освен тоа што, благодарение на сите продавници во Капитол овозможивме одлични понуди за посетителите, одлучивме и да направиме нешто повеќе затоа што сите сме свесни дека има деца на кои им е потребна нашата помош. Разгледувајќи ги сите опции сфативме дека можеме да направиме многу и оттука се роди идејата за соработка со Карписа и со ФОН Универзитет. Успеавме да ги мотивираме младите студенти да создаваат уникатни дела за добри цели и да ги направиме матурантите од СОС Детско село среќни.“, истакна Оливера Дебарлиева, раководител на маркетинг одделот на Капитол мол.
Уникатните чанти од Карписа, дизајнирани од студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ, беа дадени на аукција во живо. Средствата кои беа собрани ќе бидат наменети за матурантите од СОС Детско село за да си го купат своето омилено парче облека за својата матура.