„И брат ми е бос, би отишле далеку, ама каде“...Момче (3) со боси нозе го расплака Балканот (ВИДЕО)

Краткото видео од тригодишното момче Емир го крена на нозе целиот Балкан, а приказната зад неговите тажни очи е уште поболна отколку што изгледа на прв поглед.

Имено, новинарска екипа го посетила Раковица во Сараево каде се наоѓа ромската населба и ги забележала условите во кои живеат овие лица. Боси деца, без струја и вода, без храна, огревно дрво, облека и обувки, оставени сами да се снаоѓаат.

Ален Авдиќ и неговиот тим ги посетиле овие луѓе кои со нив споделиле шокантни приказни кои насолзија многу луѓе поради условите во кои живеат, а кои не се достојни за човек.

Девојката Вахида Сеферовиќ ќе наполни 15 години, била во Мостар каде просела, па ја фатиле и ја префрлиле во дом, а таа многу плачела, па по некое време ја вратиле кај родителите. Научила да чита и пишува, а родителите сакале да ја запишат во училиште во селото, но рекле дека е премногу стара.


- Нема вода, нема струја, нема бања, немаме ништо овде. Децата нема каде да пливаат. Моите четири деца одат на училиште овде во Раковица, без струја, без ништо. Немам никакви приходи, Општината не ми дава ништо - вели тажна мајка.

- Тринаесет луѓе одат во 2 тоалети, веќе не може... на овие деца им треба бања, но нема... Нема вода... а тие одат на училиште, низ полуотворената врата зборува млад човек од населбата.

Вахида би сакала да оди на училиште, да чита и пишува, да најде работа...

Сите тие се трудат. Да живеат и да преживеат. Децата одат на училиште, а добрите луѓе понекогаш им помагаат. Човек од населбата на семејствата (6 од нив) им дал по 20 килограми брашно, а други им донеле пакети масло.

Немаат ни тоалет, туку вршат нужда во импровизиран тоалет и се плашат да не се заразат, а децата се капат во лонци.

Некои продаваат железо, некои просат. Имале некои приходи, но и тоа престана.

- Би сакале да заминеме од тука, некој азил... Немаме никакви можности овде... - ја завршува приказната скршениот човек.

FOTO: PRINTSCREEN YOUTUBE