И да ве разочара животот останете силни: ДНК со мотивирачка порака во новата песна

Добивај вести на Viber

Новуит хит на дуото ДНК, „Горе или доле“ и по три недели се уште е во трендинг на Јутјуб. Видеото досега го виделе повеќе од милион посетители и фанови, а коментарите се повеќе од позитивни.

„Песнава и спотов да ги прогласиме за спот и песна на годината?“ „Браво за пораката “ „Ова се вистинските ДНК. Секоја чест момци, издоминиравте“, се дел од пораките под видеото на Јутјуб.  

За „Горе или доле“, Панчо и Андреј велат дека е моќнаклупска и радио тема со моќен текст и спот. Видото и целата приказна на песната ја носи пораката: „Не возете во пијана состојба“, а ДНК велат дека им е драго што публиката ја препознава  оваа порака. 

Режисер на видеото е Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ Скопје и Охрид, „Горе или доле“ е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе. 

.„Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно Don’t drink & Drive“, велат Панчо и Андреј.