И ГОДИНАВА ПЕЛИСТЕРКА - ОФИЦИЈАЛЕН ПИЈАЛОК НА ТРКАТА 10К

Добивај вести на Viber

Во недела во Скопје, илјадници тркачи ќе се освежуваат со Пелистерка

Најпродаваната македонска вода, ПЕЛИСТЕРКА и овој викенд ќе биде покрај тркачите на скопскиот асфалт. Во недела на 6 октомври, рекреативци и професионални тркачи ќе измерат сили на трката од 10 километри. Временските услови во недела ќе бидат идеални за рекреативно трчање на предвидените 10 километри. Производите на Пелистерка и овојпат ќе бидат ваш партнер за време на трчањето.

„Со години наназад Пелистерка е препознатлив пијалок на трките низ Македонија. Скопски Маратон, Вилсон трка, Крали Марко трка, 10к трка...и многу други. Наш приоритет секогаш е спортот и здравиот начин на живот. Затоа и во недела ќе им бидеме силна поддршка на сите оние кои што ќе излезат и убавото време ќе го потрошат на трчање“ – вели Тања Панделеска, Маркетинг Директор на Пелистерка.

Македонскиот бренд Пелистерка, кој што во своето портфолио покрај газираната, слабо газираната и природната минерална вода, има и други безалкохолни пијалоци, сите свои производи ги извезува и во земјите од Европската унија. Исполнувајќи строги европски критериуми, оваа македонска вода со која што секоја година се освежуваат и скопските маратонци, низ европските земји е рамо до рамо со водите со највисок квалитет. И во годината која што доаѓа, 2020, буџетите на Пелистерка ќе бидат наклонети кон спортските активности, здравиот начин на живот и младите во Македонија.

Пелистерка, Ваша здрава одлука!