И Холандија како Шведска: Интелигентен карантин - што е тоа?

Холандија е една од ретките земји која во битка со новиот вирус ја применува практиката на имунитет на стадо, која според многумина е пресметана и сурова. Властите во Холандија ја нарекуваат оваа тактика поинаку - интелигентен карантин – но, резултатите од нејзината примена не се охрабрувачки. Епидемијата со коронавирусот рапидно се шири низ земјата на лалињата, која бележи една од највисоките проценти на смртност.

Отфрлајќи ги од почеток ригорозните мерки кои ги преземаа другите земји , холандската влада се одлучи за интелигентен или целен карантин. Целта им беше со него да ги ублажат социјалните, економските и психолошките трошоци на изолацијата и да го направат идното враќање во рутината прифатливо и изводливо.

Локалните цвеќари, дуканите со делиакатеси, пекарниците и продавниците се уште се отворени. На влезовите во нив стојат препораки за однесување во време на епидемија а луѓето се упатени на социјално дистанцирање. Персоналот носи заштитни ракавици.

Затворени се само дејностите кои подразбираат непосреден допир со клиентите како физерите и козметичките салони, како и јавните куќи. Училиштата, градинките и универзитетите се затворени до 28 април.

Кафулињата и рестораните се затворени за посета, но работат со достава.

-Размислуваме со студени глави, не сакаме претерано да реагираме и да ги затвориме луѓето дома. Во Холандија е едноставно да се разделат генерациите, зашто бабите и дедовците не живеат со своите деца – вели др. Луис ван Шаик од Институтот за меѓународни односи во Клингендејл.

Владата ги советува граѓаните да останат дома, затворени се плажите, забрането е возење по каналите, но дозволени се и прошетки на свеж воздух се додека при тоа се одржува социјалната дистанца од 1,5 метар.

Во целата ситуација помага фактот што Холанѓаните се послушни граѓани. Според едно истражување, високи 99 проценти луѓе се придржуваат до мерките за растојание, а 93 проценти остануваат дома колку што е тоа можно.

Премиерот Марк Руте ја опиша својата земја како возрасна држава.

-По тоа што го слушам како реакција, луѓето се среќни што ги третираме како возрасни, а не како деца – изјави Руте.

Холандскиот карантин некогаш се чини невидлив иако ритамот на градовите е успорен и тивок, а децата се уште си играат по игралиштата.

Оваа практика, што Холандија ја нарекува интелигентен карантин, е позната и како имунитет на стадо и значи допуштање вирусот да се прошири во популацијата за да можат граѓаните да стекнат имунитет, но тоа значи и прифаќање на фактот дека многумина при тоа ќе починат.

-Можеме да го одложиме ширењето на вирусот и во исто време да изградиме имунитет на населението на контролиран начин. Мора да сфатиме дека ќе поминат месеци можеби дури и подолго додека се изгради имунитет на заедницата и за тоа време мораме што е можно повеќе да ги заштитиме луѓето од ризичните групи – вели Руте.

Најголемиот проблем во сето ова е што бројот на починатите во Холандија е релативно висок во однос на севкупното население кое брои 17,2 милиони, но во одбрана на оваа практика здравстевените власти ја користат споредбата со Белгија која исто така има висок степен на смртност, иако пректикува далеку поригорозни мерки на заштита.

Паниката меѓу Швеѓаните ја носиме ние доселениците, тие функционираат нормално: Македонка од Шведска за ситуацијата со коронавирусот