И јас сум дете

Добивај вести на Viber

Не секогаш моите родители можеле да ми овозможат се што ќе сум посакала. Само знам дека светот го превртуваа наопачки за да јас не го почувствувам тоа. И секогаш бев свесна дека за јас да добијам подарок или пакетче на Нова Година двајцата го поместуваа универзумот само за да ме видат насмеана. А јас се сеќавам на нивните очи кога ме гледаа како љубопитно го отварам секој подарок, секое чоколатце во пакетчето и се потупанувам од слатки случувања. 

Не секој родител може да го обезбеди тоа за нивното дете. И не секое дете има родител. Годинава беше доволно тешка за сите нас заедно. Јас и една екипа на преубави луѓе, Бомбакис, Туте, Маги и Таше ве повикуваме да донирате едно пакетче, било какво пакетче по ваш избор и можности и да го оставите во Систем Паб во Три Бисери. Ние ќе го однесеме кај дечињата кои нема да имаат друга шанса за насмевка плус годинава. Бомбакис и Туте направија една совршена песна за сите деца која наскоро ќе може да ја слушнете, а за возврат ќе ве запишат на крај на видеото. 

Вие може да донирате до 10.12, слободно напишете и некој убав збор на картичка внатре, сите ние заедно сме многу посилни од сите неубави случувања во светов. Вклучите се поактивно во целата кампања, направете картон и напишете И јас сум дете, тагнете не и проширете ја пораката. Децата се уште веруваат во Дедо Мраз, ајде да им докажеме дека постои.

Намасте.


За Женски Магазин, Ивана Кнез