И каменот ќе заплаче: Џон Траволта му посвети емотивна објава на својот починат син кој вчера требаше да наполни 33 години

Џон Траволта (71) со трогателна порака се присети на својот покоен син Џет, кој денеска ќе го прославеше својот 33 роденден. Холивудскиот актер, кој има 15,2 милиони следбеници на социјалните мрежи, сподели ретка нивна фотографија заедно со пораката: "Среќен роденден Џет. Многу ми недостигаш. Ќе те сакам засекогаш!".
Тој почина во 2009 година
Џет, најстарото дете на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, почина трагично во 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите, на само 16 години. Тој боледувал од аутизам, астма и синдром Кавасаки, а според извештаите, доживеал епилептичен напад, паднал и ја удрил главата во када.
„Тоа беше најлошото нешто што ми се случило“, се сеќава Џон во интервјуто со Бери Норман во 2014 година. „Искрено, не знаев дали ќе преживеам. Животот повеќе не ми беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла“.
Траволта потоа отворено се заблагодари на Скиентолошката црква за помошта во процесот на закрепнување: „Тие беа со мене две години без престан, од понеделник до недела, користејќи различни техники за да ми помогнат да научам да живеам со тага и загуба“.
Во 2020 година актерот ја загуби и сопругата
Неговата сопруга, Кели Престон, која ја загуби битката со ракот на дојката во 2020 година, веруваше дека производите за домаќинството, ѓубривата и пестицидите придонеле за здравствените проблеми на Џет, поради што таа активно се залагала за построги регулативи за хемиско етикетирање.
Во текот на нивните 29 години брак, Џон и Кели добија уште две деца: Ела Блу (25) и Бенџамин (14).
Фото: ИнстаграмИзвор: Index.hr