И кога те нема, твојата песна е жива: Седум години без Гоце Арнаудов

Добивај вести на Viber

На денешен ден пред седум години почина Гоце Арнаудов, еден од најдобрите и најтрофејните македонски пејачи. Препознатлив по енергичните настапи со отсетчни движења, но и по уникатниот моден израз, Арнаудов дефинитивно беше појава на музичката сцена.

„И кога те нема, твојата песна е жива“, напиша лани на годишнината од смртта на пејачот неговата ќерка, познатата пејачка, авторка и хуманитарец Критина Арнаудова.

„Дали чекаш стара мајчице“, „Ај да беше стрела песната“, „Штом ноќта помине“.. Едни од најдобрите фолк-рефрени ги отпеа токму тој. Неговите струмичани му се одолжија со споменик поставен во малиот градски парк, дело на уметникот Митко Тошев.