И официјално: Карлеуша објави соопштение - се разведува од Душко Тошиќ по 14 години брак, а ова се деталите

Официјално е, после сите шпекулации во јавноста Карлеуша и Душко Тошиќ дефинитивно решија да стават крај на бракот после 14 години.

Јелена Карлеуша објави официјално соопштение на Инстаграм во кое вели дека се договориле спогодбено да стават крај на бракот бидејќи Душко повеќе не се гледа како дел од нивното семејство.
Старателството над децата ќе ѝ припадне на неа, а како што вели целиот брачен имот им е препишан на нивните две ќерки Атина и Ника.

Објавата на Јелена Карлеуша:

- Душко и јас се договоривме спогодбено да ставиме крај на нашиот брак после 14 години.
За жал, Душко повеќе не се гледа себе како дел од нашето семејство.
Техничко правните работи ќе бидат спогодбено решени во наредниот период.
Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите, затоа што тоа е залудно. Од јавноста не очекувам ниту човечност ниту разбирање, само ликување и перење уста со нашите животи што е нешто на што сум навикната... па навалете...

Преживеав сѐ, ќе го преживеам и ова. Животот оди понатаму.

За да спречам неточни натписи - целиот брачен имот е препишан на нашите деца, старателството над децата ми припаѓа мене.
Каква било напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Нема повеќе да се огласувам по ова прашање.“


Нема да верувате на која песна Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ за прв пат се бакнале: Ова е нивната љубовна приказна