Учениците се ракувале и покрај забраната: Наставничката (самохран родител) на инфузија поради висината на казната

фото:Tanjug/AP

Професорка по српски јазик во училиште во близина на Кладово е казнета, ​​и покрај наводните предупредувања за учениците.

Марина Милосављевиќ, наставничка по српски јазик во основното училиште „Љубица Јовановиќ Радосављевиќ“, е казнета со 35.000 динари (околу 17.500 денари) затоа што не спречила учениците да се ракуваат за време на одморот во дворот на училиштето. Марина е самохрана мајка од Књажевац, која заминала во Кладово да работи. 

Колегите сега се обединија за да соберат пари за да го надоместат она што и е одземено. 

Имено, според проценката на директорката на училиштето Драгана Думитрашковиќ, која ѝ изрекла казна, Марина извршила сериозно кршење на работната обврска поради неспроведување на безбедносни мерки за учениците и вработените. Иако овој случај се случи на почетокот на септември, јавноста дозна за тоа дури сега затоа што еден од колегите на наставничката го објави решението на социјалните мрежи.

Наставничката на инфузија поради ситуацијата

Телеграф.рс разговарале со Марина Милосављевиќ по телефон во моментот кога ја примала инфузијата. Како што им рекла, била потресена од целата ситуација. 

- Сè се случи на 10 септември, за време на училишниот одмор. Децата носеа маски во дворот и се држеа на дистанца. Сепак, двајца ученици од шесто одделение се приближија еден кон друг, и сакаа да плеснат со рачињата во знак на поздрав. Ги предупредив да не си приоѓаат, но тие не ме слушаа - вели Марина за Телеграф.рс.

Кога се случуваше сето ова, директорката на училиштето наишла, и ја обвинила Марина.

- Се покажа дека тој ден не бев ниту на должност во училишниот двор затоа што беше сменет списокот со смени, а јас тоа не го ни знаев. Како и да е, ова не беше сфатено ниту како олеснителна околност. Децата подоцна ми се извинија, но јас сепак бев казнета - изјави Милосављевиќ за Телеграф.рс.

Патем, таа е вработена во ова училиште на одреден временски период.

По завршувањето на дисциплинската постапка, директорката на училиштето донесе одлука на 1 октомври, во која ја казни наставничката Милосављевиќ со одземање на 20 проценти од платата за септември, октомври и ноември. Милосављевиќ се жалеше на одлуката, но жалбата беше одбиена.

Училиштето не сака да соработува со медиумите

Телеграф.рс се обиделе да го исконтактираат училиштето. 
„Побаравме да разговараме со директорот, но ни беше кажано дека тие не сакаат да соработуваат со медиумите во врска со оваа тема.
Испративме прашања и до Министерството за образование, наука и технолошки развој, но од нив не добивме никаков одговор сè додека овој текст не беше објавен“.

И, за да ѝ помогнат на Марина, колегите се собрале, објавиле за случајот на Фејсбук, а ова ги обедини наставниците. 

-Со реакцијата на солидарност и апелот од колегите во социјалните образовни групи, наставниците собраа 39.000 динари (19.500 денари) многу брзо со индивидуални плаќања од 100-300 динари, во желба да ѝ помогнат на својата колешка да ја врати оваа казна. 

-Сепак, мислам дека е поважно од оваа акција да се испитаат причините и позадината на оваа постапка. Дали училиштата се навистина толку безбедни, безконтактни места, како што тврдат надлежните, па ваквото ракување со деца на отворено ја нарушува хармонијата на совршено безбедна средина? Јас би рекол не! Марина, како самохрана мајка, во незавидна ситуација, со товарот на тешката животна приказна, од родниот Књажевац отиде во Кладово, каде го најде своето парче леб - напиша еден од колегите на Марина на Фејсбук.

извор: telegraf.rs