И понатаму делиме љубов: Ерос Рамацоти за разводот со 26 години помладата манекенка
Италијанскиот пејач со светска кариера, Ерос Рамацоти, ги
шокира фановите откако ги потврди гласините дека се разведува од манекенката
Марика Пелегрини.
Музичарот и неговата 26 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, после приближно пет години заеднички живот, а претходно речиси исто толку се забавуваа.
- Тоа беа прекрасни десет години. Заедно создадовме прекрасно семејство и бевме бескрајно среќни. Ова е наш заеднички избор и нашиот однос останува пријателски. И понатаму делиме љубов. Ја замолуваме јавноста да ја почитува нашата и приватноста на нашите деца во овој стресен период за сите нас - стои во официјалното соопштение на познатата двојка.
Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“, Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември.