И рекле дека не може да раѓа: Со промена на начинот на исхрана се случило чудо

На Гема Ајзак (33) од Лондон, лекарите по борбата против ракот на дојка и рекле дека нејзините јајници се „мртви“. И покрај ова, Гема родила прекрасно момче

На Гема и бил дијагностициран карцином на дојка во 2018 година, иако немала грутка или други вообичаени симптоми, а ова ‘чудо’ го припишува на веганска диета за која тврди дека и помогнала да забремени.

Гема била подложена на радиотерапија и двојна мастектомија пред да дознае дека има мутација во генот BRCA1. Ова ги става жените во уште поголем ризик од рак на дојка и јајници.


Лекарите и рекле на Гема дека нејзините јајници се „мртви“, а таа дури и размислувала да ги отстрани јајниците.

- Мојот гинеколог ми направи испитувања и ми рече дека моите јајници се мртви, што беше навистина страшна вест. Тоа беше најлошото нешто што некој ми го рекол додека се лекував “, изјави Гема за Dailystar.

Откако истражувала начини за зголемување на плодноста, Гема станала веган во јули 2019 година, а веганската диета, вели таа, ѝ помогнала да се трансформира нејзиниот репродуктивен систем. Четири месеци по промената на исхраната, Гема отишла на гинеколог и добила добри вести.

„Тој рече дека веганството е нешто на кое можам да му се заблагодарам, бидејќи нема друга причина поради кои моите јајници да се вратат во живот“, рече Гема.

Сепак, гинекологот ја предупредил да не се надева премногу, на што Гема одговорила: „Само гледај ме“.


Гема и нејзиниот сопруг Дерил постојано се обидувале да имаат бебе, а во август го добиле своето чудо од бебе на кое му го дале името Џек Алфи. Мајката на две деца, кратко потоа одлучила да ги отстрани јајниците за да го намали ризикот од рак во иднина.

„Би сакала повеќе деца, но не можам да го контролирам ракот на дојка, а со отстранување на јајниците, можам да го контролирам “, рече Гема.


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Ѝ рекле дека чека тројка: За своето петто бебе дознала откако го родила