„И токму така, таа се врати“: Адриана Лима со нови фотографии ги замолчи сите оние кои ѝ порачуваат дека е дебела
Еднаш супермодел, засекогаш супермодел.
Адриана Лима со месеци добивала навреди на социјалните мрежи бидејќи се здебелила во третата бременост. Прво на луѓето им пречеше тоа што носеше облека која го открива нејзиниот труднички стомак, а потоа кога се породи, продолжија низата критики бидејќи, замислете, не ја повратила тежината од пред бременоста.
Нејзиниот физички изглед со месеци е топ тема на социјалните мрежи, а потоа манекенката на Инстаграм сподели нови фотографии кои потсетуваат на Адриана од нејзините денови кога ја красеше пистата како ангел на Викторија.
И тогаш сите замолчеа.
„Истакнување на мајчинската сензуалност и прифаќање на својот изглед во транзиција“, напиша манекенката фотографија на која е во сензуален златен фустан.
Покрај следнава фотографија на која во преден план е нејзиното лице, манекенката едноставно напиша:
„И токму така, таа се врати“.
Со овие коментари Адриана веројатно го најави своето враќање во светот на манекенството или само одговори на недоличните коментари со кои се соочува веќе некое време.
Во секој случај, Адриана е една од најпознатите и најплатените супермодели - и по тоа сите ќе ја паметат.
ФОТО: Инстаграм