Идеален маж е некој што никогаш не го запознавате: Лекции од единствената Катрин Денев што секоја жена треба добро да ги запомти

„Сè додека има разводи, браковите немаат смисла“, вели француската актерска дива.

Актерката Катрин Денев (78) многумина често ја нарекуваат „последната голема ѕвезда на Франција“. Таа останува за повеќето Французи - и не само за нив - една од најубавите жени во светот. Нејзиното име е синоним за стил, елеганција и убавина. Без разлика на возраста.

Со текот на годините, Катрин стекна многу искуство и ни остава лекции на кои вреди да се обрне внимание, да се прочитаат и запомнат:

-Не толку одамна, гледав реклама за Шанел 5, во која глумев пред речиси 40 години. Голем хит! Седам таму во црн фустан и го покажувам само коленото. Седам и зборувам за мојот сакан и сето тоа е секси не поради тоа што го гледаш, туку поради тоа што го слушаш. Сега веќе не е така, напротив: подготвени се да ви покажат сè, но нема да слушнете ништо...

-Мојот најголем талент: можам да заспијам во секое време и во секое опкружување, дури и ако носам фустан и перика.

-Сè додека има разводи, браковите немаат смисла.

-Неверојатно е чувството да се засадува цвеќе, да се грижиш за него. Кога се грижам за мојата градина, јас сум во целосна хармонија со себе. Но, не треба да се мисли дека оваа убавина доаѓа лесно. Обработка на земјата е напорна работа. Но, она што ќе излезе како резултат вреди за сè.

-Најдобрите десет години од мојот живот беа од четириесеттите до педесеттите. На четириесет години сфатив сè за себе.

-Не се плашам од староста. Младоста не е добра затоа што само размислуваш како да не остариш. Никогаш не сум ја криела возраста - за мене тоа е прашање на гордост. Но, тоа не значи дека треба да ја кажам точната бројка на секоја личност на која ќе налетам. 

-Предноста на жените е што на 50 години изгледаат исто како на 40.

-Мајка ми неодамна наполни 102 години. Таа живее во Париз, до мене, но сосема сама, бидејќи сака да биде независна. Таа е неверојатна: има чист ум и секогаш ме победува во карти. Во нашето семејство имаше многу долговечни луѓе, но не сум сигурна дека ќе доживеам сто години, бидејќи не сум како мајка ми. Таа никогаш не пушела.

-Не сум најпријатна личност во комуникацијата - многу брзо заборавам дека сум актерка која треба да се однесува на „посебен“ начин.

-Нема вечна љубов. Кога доаѓам на свадба и го слушам заветот „секогаш заедно во добро и во лошо“, тоа ме забавува. Тоа едноставно не може да биде така! Разводот обично следи по бракот. Бракот е стапица. А јас не сакам да сум заробена.

-Вистинската жена значи интелигенција, шарм, добрина и смисла за хумор. Истото го очекувам и од мажите.

-Идеален маж е некој што никогаш не го запознавате.

-Пејте почесто. Пеењето ја загрева душата.

-Ако не успева низ вратата, обидете се преку прозорецот!

извор:stil.kurir.rs

фото:Profimedia