Идеален за појадок и за вечера: Брускети со меко сирење

Добивај вести на Viber

Порано вака припреманиот леб се викаше печен леб, а денес многумина би рекле дека се брускети.

Предноста на ова јадење е тоа што брзо се подготвува, и не вреди да се пишува за вкусот, мора да го пробате.

Намирници:

- 500-700 гр. бајагат обичен леб или багет

- 40-50 гр.маргарин или путер

- 500 гр. меко сирење

- 2-3 лажици павлака

- 2 јајца

- сол, магданос

- Млад кромид

- Ако сакате може да додадете и пиперка

Подготовка:

Исечете го лебот на кришки и премачкајте го со малку маргарин или путер. Сирењето добро изгмечете го или изматете го, додадете ја павлаката, јајцата, насечканиот магданос, насецканото младо кромидче  и добро промешајте. Премачкајте го веќе намачканото лебче со маргарин со добиената смеса.

Вака подготвениот леб ставете го во сад за печење и посипете го со малку растопен маргарин или путер, а потоа печете го во рерна загреана на 200 степени додека не се потпече.

Бон апетит!