Идиотизам е да не заклучуваат во нашите куќи: Цеца Бојковиќ изреволтирана од мерките за карантин

Предизборна кампања е во тек, затоа слушаме ветувања за подобар живот од сите страни и како сè ќе биде прекрасно и одлично. Ќе имаме реална слика само кога ќе помине епидемијата, тогаш ќе се разбудиме и ќе видиме каде сме, вели славната српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ во интервју за порталот „Нова“.

Светлана Бојковиќ требаше да ја толкува една од главните улоги во претставата „Dabogda te majka rodila“, заснована на делото на Ведрана Рудан. Премиерата беше закажана за 13 март, но театарот „Ателје 212“ престана да работи два дена порано, како резултат на претстојната епидемија на коронавирус.

- Го чекам крајот на ова, но не се надевам дека ќе ја одиграме претставата пред есен. И, тогаш е прашањето дали публиката ќе се врати или луѓето ќе се плашат да бидат во затворен простор. Сето тоа е големо прашање. Оваа ситуација е многу лоша за театарот - посочува Светлана Бојковиќ.

Таа вели дека не била изненадена од односот на државата кон културата и уметниците во оваа криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.

- Културата со години е последна дупка на свирчето-  актерката потенцира и додава:

- Народот е незадоволен од многу работи и само короната недостасуваше. Последиците, особено за економијата, ќе ги видиме. Сега ветуваат дека сè ќе биде прекрасно и одлично, затоа што се во предизборна кампања: „Па, еве по 100 евра“, „Еве 4000“, „Се грижиме за вас“. Реалната состојба ќе се покаже само кога ќе помине епидемијата и кога ќе станеме свесни за тоа каде сме и што сме. Многу поголеми економии, исто така, не успеваат, па затоа нема ни ние. Ајде, ве молам. Не можам однапред да кажам што ќе се случи, а дека ќе биде добро, нема да биде - предупредува реномираната актерка.

Таа ја помина вонредна состојба во целосна изолација бидејќи и беше забрането да ја напушти куќата.

- Мислам дека беше идиотски да не заклучуваат во нашите куќи. Кучињата можеа да шетаат, но ние не. Можеше да се организира поинаку, така што луѓето над 65 години да имаат најмалку еден час на ден за шетање во време кога другите не можат да излезат надвор. И станувањето во три часот наутро за да се оди во продавница беше толку понижувачко, немам зборови. Некои сироти луѓе одеа. Тоа е голем срам. Не можеше ли да се утврди едно претпладне за пензионерите да одат во набавки, а не да станат во три, за да пазарат од од четири до седум? Секако дека јас не одев, но многумина одеа- рече познатата актерка.

За да најдете мир и удобност во ова време, таа советува да заминете во природа.

- Треба да одите во природа колку што е можно повеќе. Останете меѓу зеленилото. Убаво е времето, дојде пролетта. Пролетта беше исто така убава кога бевме бомбардирани. Тоа беше спасение дури и тогаш. Единствено таму има мир и само таму исчезнуваат сите овие гадости во кои живееме - заклучи Светлана Бојковиќ.