Иднината на децата се планира од нивна најрана возраст

Добивај вести на Viber

Главна грижа на родителите е да им овозможат удобен и сигурен живот на своите деца. Тие секогаш се трудат да им го пружат најдоброто и да им обезбедат светла иднина. Но, што доколку најдоброто може да чини малку повеќе? Инвестициите и финансиското планирање на родителите треба да овозможи покритие за најдоброто за нивните деца. Вложувањето во нивната иднина е најважната инвестиција што би ја направиле во текот на животот. Како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки за вашата инвестиција?

Животното осигурување за деца вклучува две компоненти - осигурување и штедење, така што родителите, како и потесното семејство можат да го договорат за своите деца и внуци, за да им помогнат да ги направат првите сериозни чекори во понатамошниот живот. По истекот на полисата, договорениот износ еднократно се исплаќа на детето како поддршка при плаќање школарина, купување стан, прв автомобил, или можеби за живот во странство.

Кроација Осигурување - Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за вашето дете. Коко детското штедно осигурување на Кроација претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете, план за заштеда во корист на детето, којшто обезбедува штедење, дополнително осигурување и можност за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи животни ситуации.

Коко детското штедно осигурување, каде детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца со старост од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25 годишна возраст. Постои и можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.

Ова штедење е заштитено со девизна клаузула, детето е единствен корисник на средствата, а постои можност за договарање стипендиска рента. Како посебен бенефит кај овој вид штедење е зголемување на осигурената сума за 3% во случај на постигнат одличен успех во средно образование. И овде се нуди можност за вклучување дополнителни компоненти на осигурување.Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување на конкретна понуда согласно барањата и можностите може да се најде на следниот линк.

Со детското штедно осигурување обезбедувате сигурна иднината на своите најмили. Затоа, треба што побрзо да се склучи договор за детско штедно осигурување, за да можат да се акумулираат повеќе средстваво текот на годините.

ПР објава