Икона на стилот: Синди Крафорд-Како кралицата на лежерноста ги комбинира едноставните и гламурозни парчиња

Добивај вести на Viber

Еден од најуспешните супермодели од 90-тите и денес е активна во модниот свет, а нејзиниот стил е совршениот баланс на „основните“ парчиња и гламурозните фустани.

Од крајот на осумдесеттите до денес, Синди Крафорд ги носи најновите трендови на модните писти и насловните страници на списанијата, но нејзиниот личен стил минимално се промени во тој период.

Може да се опише како совршен пример за естетиката „модел надвор од должност“, уште пред да биде тоа официјален термин, со фармерки, балетанки или чизми, кул кожени јакни и дизајнерски чанти. Синди во текот на својата кариера остана верна на едноставните парчиња кои го сочинуваат темелот на секоја квалитетна гардероба, па затоа издвоивме неколку парчиња и стилови кои го заслужуваат насловот стилска инспирација за сите генерации.

View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)



Глам фустани

Гламурозните тоалети не се секојдневната униформа на Синди, но некои од парчињата што ги носеше се актуелни и денес и вистински извор на инспирација за нејзината ќерка Каја Гербер и другите модничари од нејзината генерација. 

Најпрепознатливи се фустаните на Версаче кои ги носеше на награди. Црвениот фустан од Версаче со длабоко деколте, во кој таа го придружуваше Ричард Гир на Оскарите, подоцна беше продаден на аукција за да се соберат средства за Фондацијата за СИДА, а таа го носеше иконскиот црн од колекцијата „ропство“ на VMA наградите. Години подоцна, Каја носеше пократка верзија на фустанот за нејзиниот 18-ти роденден. Синди сè уште сака класични тоалети за специјални пригоди, а најчесто избира минималистички во црвена, црна или златна боја.

View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)



Кожени јакни

Заштитниот знак на Синди, како и другите кул супермодели, е добра рокерска кожна јакна.

фото:PROFIMEDIA




Синди се присети на своите почетоци како водителка во емисијата „Куќа на стил“ на МТВ, за која немала стилист, па избрала нешто од својот плакар, а останала запаметена по класичната кожна јакна која и се допаѓа и денес. Ги носи во комбинација со кошули и обични фармерки, долни кошули и црни панталони, а понекогаш и преку романтични, лелеави фустани.

Фармерки и маичка



Не може да биде покласично! Синди ја сака едноставноста и знае дека така изгледа најдобро и секогаш шик. Најчесто носи 'skinny' или 'flared' модели на фармерки, а ги комбинира со обична бела маичка, долна кошула или кошула и врз неа става блејзер. За целосен впечаток, не заборава на очилата за сонце - и совршениот стајлинг е подготвен за излегување.



Фризура

Тоа не е облека, но тоа е составен дел од препознатливиот стил, кој прави Синди секогаш да изгледа беспрекорно: фризурата. 

View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)




За разлика од нејзините колешки кои, кога станува збор за фризурите, понекогаш беа вистински камелеони, Синди се држи до докажаната формула. Нејзината обемна фризура испреплетена со прамени никогаш не излезе од мода, а денес повторно е неверојатно популарна. 


Ако сакате совршен изглед од 90-тите, понесете ја на фризер фотографијата на Синди - затоа што со таа фризура, секоја облека ќе изгледа „на врвот“.


ФОТО: Инстаграм/screenshot