ИЛЈАДНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОТКАЗ: Што се случува во Икеа?

Светските медиуми денес јавија дека 7.500 вработени ќе останат без работните места во шведската компанија Икеа. Како причина за „чистката“ се наведува новата стратегија на компанијата да отвори повеќе продавници во центрите на градовите, но и да се насочи кон онлајн-продажбата.

Со намалување на работната сила, Икеа најави дека ќе може да се сконцентрира на својата платформа за електронска трговија за да одговори подобро на потребите на своите купувачи.