Им благодарам на мама и свекрвата: Млада мајка објави писмо за кое зборува цел интернет

Венчавката и бракот често невестата ја доведува во искушение- како да се однесува кон свекрвата и свекорот? Како да ги освои? Како да реагира на нивните совети и критики?

Честопати, првите денови, па дури и месеци се исполнети со „чувство на истражување на теренот“, а понекогаш и со недоразбирања и несогласувања.

За среќа, со текот на времето се запознаваме, многу работи го наоѓаат „своето место“, и кога доаѓа новороденче кај семејството, тоа е моментот кога сите сили се мобилизирани за да помогнат.

Трогателното писмо на една млада мајка која имала прекрасна врска има само зборови на благодарност за двете баби и за мајка ѝ и за свекрвата. Писмото е превземено од веб-страницата „
Yumama “.

На мојата мајка (нана) и на свекрвата (баба)

И двете сте биле секогаш до мене и мојот сопруг откако создадовме тим од три деца во последните пет години. Ни спасивте огромен неред во животот, и секогаш со ентузијазам славевте пристигнување на ново бебе во семејството.

Двете сте навистина посебни, клучни актери во нашата приказна. Затоа, сакам да ви кажам нешто: Ви Благодарам!

Ви благодарам што сте биле оние баби кои останаа со нас додека не се роди бебето, иако живеете километри далеку. Ви благодарам што станавте среде ноќ да дојдете во болница со нас. И ви благодарам што ми ја држевте раката во клучните моменти. Учествувавте во тие неверојатни моменти со нас.

Можевте веднаш да дојдете во болницата за да го држите бебето во раце. Ви благодариме за сите слатки слики што ги направивте, ќе имаме убави спомени. Ви благодариме што ја споделивте радоста со нас.

Благодарна сум што сте баби кои скокаат од кревет кога бебето плаче. Пеете и играте без пауза со секоја песна што ја сакаат децата. Гледањето како уживате едни со други, ме прави најсреќна мајка на светот.

Ви благодарам што сте баби кои готват и ги оставате децата да учествуваат во подготовката. Тогаш тие се чувствуваат важни што се дел од сериозна работа, и моето срце е исполнето со радост кога ќе ве видам заедно така.
Ви благодарам што сте баби кои се молат заедно со нашите деца и ги носите во црква. Ги охрабрувате во верата и ги охрабрувате да негуваат сочувство и љубов кон другите.


Ви благодарам што сте баби кои ги чуваат децата и кога ви е потребен одмор. Не мора да се грижиме за ништо кога тие се во ваши раце.

Ви благодарам што сте баби кои седат и цртаат со нив, играат и прават кули. Им читате детски книги и учествувате во разни детски активности. Начинот на кој им сјаат очите кога им велите дека ќе играте со нив, покажува колку се среќни тие во вашето друштво.
Ви благодарам што сте оние баби кои им купуваат чевли или им даваат пари да си купат нешто, и тоа без причина. Се враќате дома полни со подароци, без разлика дали нивните родендени завршиле или не. Како и да е, јас сум најмногу благодарна на вас што минувате време со нив. Тоа е најдобар подарок за нив.

Ви благодарам што успеавте да се слушнете со нив кога сте далеку. Им допуштивте да ми го украдат телефонот за да разговараат со вас и тоа трчејќи низ куќата од среќа.

Ви благодарам што сте баби кои постојано барате слики и цртежи од нив. Вие навистина ги ставате нивните фотографии и уметнички дела на sидовите од вашата куќа. Нема поголема среќа и гордост кога ве посетуваат и ги гледаат своите дела.

Ви благодарам што сте бабите кои ги видоа нивните „светла“ и им помогнаа да „заблескаат“. Постојано им кажувате колку се убави, и однадвор и одвнатре. Го научивте да развијат љубопитност, огромни срца и сила. Го гледате вистинското во нив, нивната душа исто каква што е.

Ви благодарам за вашата љубезност, нано и баба. Вашето време е навистина драгоцено, тоа го знаеме. И, кога ќе одлучите да го посветите тоа време на нас, се чувствуваме како најсреќни луѓе на светот. Вашите вкусни оброци, разговори, начинот на кој нè терате да се смееме и да се грижиме за она што е најважно за нас.
Двете ни требате последниве неколку години, бидејќи имаме деца и вашата посветеност и љубов не се заборавени.

Ви благодарам за сè што правите и за сè што имате. Не можевме да замислиме подобри баби за нашите деца. Вие сте сè за нас во светот!

Извор: lepaisrecna.rs

Фото:Shutterstock

Зошто секогаш таткото е лут на синот, мајката на ќерката, а свекрвата на снаата?