Има добра причина за тоа: Мајка не купила ново парче облека цели 10 години

На својот профил на Инстаграм, една мајка споделува фотографии од комбинации на облека и совети за тоа како да купувате паметно и да ја заштитувате животната околина секој ден.

Ана Килпатрик (47) е самохрана мајка на две деца, која веќе десет години не одела на шопинг и не купила ново парче облека. Таа добила се што и требало во продавниците за second hand (половна употреба) или го позајмила од пријателки - токму така заштедила многу пари, пренесува Miror.

View this post on Instagram

A post shared by Anna | 40+ Sustainable Style (@not.needing.new)


На својот профил на Инстаграм, таа споделува фотографии од комбинации на облека и совети за тоа како да купувате паметно и да ја заштитувате околината секој ден. Она што е најинтересно кај оваа 47-годишна дама е тоа што таа носи претежно дизајнерска облека, а некои од парчињата се носени само еднаш или никогаш.

Иако порано трошела многу пари месечно за нова облека, денес таа гордо зборува за својата штедливост.

- Ги носам критиките на луѓето за местото каде што купувам облека како медал - рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Anna | 40+ Sustainable Style (@not.needing.new)


- За мене е страшно што по неколку носења, луѓето фрлаат облека за  која требало да потрошат многу енергија и пари за да ја купат. Со овој начин на купување, имам многу повозбудлива, но и далеку поквалитетна облека во споредба со порано - рече таа.

На прашањето што друго ја поттикнало да започне да посветува толку многу внимание на тоа што купува и каде, Ана вели дека го сменила погледот кон модата во 2008 година кога се преселила со своите два сина во селото Форест Ров, во источен Сасекс - далеку од брзиот начин на живот и далеку од улица со бутици од популарни брендови, кои веќе не и биле лесно достапни.

Таа, преку Инстаграм сака да ги охрабри луѓето да започнат да живеат на овој начин на живот.


Фото: Instagram/not.needing.new

Moжеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Топ 5 зимски стајлинзи за моќен изглед