Има само една цел - да известува што навистина се случува преку нејзините фотографии: Арбнора Мемети за Женски магазин
Арбнора Мемети - фоторепортер, за Женски магазин раскажува како настанале некои од нејзините најпознати фотографии, но и со какви предизвици се соочува во нејзината работа за време на пандемијата.
Арбнора вели дека првиот ден кога
се воведе полицискиот час, за неа било премногу чудно, на секој километар имало полиција, задолжително проверувале дозволи за движење.
„Врска немав што ќе
сликам и бев многу конфузна. Немав некакви очекувања. Немаше што да се слика,
можеше да се забележи по некоја полициска кола, а и луѓе што не биле информирани
за полицискиот час.“
Првиот ден ми беше многу празен - вели таа и додава, „имав чувство како да сликам во три часот навечер. Другиот ден пак излегов, пак беше иста ситуацијата, но кога веќе одлучив да се вратам дома, поминувајќи низ мостот Гоце Делчев забележав и сликав две патки како поминуваат на пешачки...“
фотографија на Арбнора Мемети која привлече огромно внимание на социјалните мрежиАрбнора вели дека сега веќе малку поретко излегува да фотографира. Но, смета дека секоја ситуација, секој терен, особено сега, се посебни приказни и открива дека сите ги доживува на посебен начин.
Сепак откако е прогласена пандемијата и зајакнаа Владините мерки, Арбнора вели дека настапиле доста промени и во нејзиниот делокруг на работа, воглавно редуциран распоред на работата и екипите, но, вели - „во цела ова ситуација јас и уредниците сме единствени што не се заменуваме“.
Најголем предизвик за неа како фоторепортер е (не)пристапот до клучни места од кои таа ќе може да известува преку фотографии.
„Се соочуваме со институции кои не ја сфаќаат природата на нашата работа, и претежно ни ја отежнуваат целата работа. За разлика од другите земји каде што новинарски екипи имаат многу повеќе пристап на места каде што се прават тестирања, болници, карантин и слично. Ние тука сме многу ограничени, дури и за мобилната болница со шатори ни барат дозвола од Министерство за Здравство, за да сликаме внатре. Ова се случува додека таму нема ниту еден пациент, а што ќе се случи ако таму почнат да носат пациенти, тоа значи дека нема да можеме ни да се доближиме.“
Сепак таа е свесна за сериозноста на ситуацијата и дека не секој би сакал да ризикува за такво нешто, но постојат и новинари кои би сакале да известуват од инфективна болница на пример, па зашто да не постои таква опција за нив, раскажува Арбнора.
Иако има само 22 години, Арбнора досега имала можност да известува од различни терени, и за себе вели дека толку многу ја сака оваа професија, што не признава ни страв, ни стрес.
„Пред пандемијата, бев на Труско-Грчката граница за да известувам за мигрантската криза, уште тогаш беше актуелна пандемијата.“
Повеќето од времето Арбнора излегува сама на терен, но некогаш е придружувана и со колеги, вели дека често носи заштитна опрема, ракавици и маска, а за да се чувствува посигурно го чисти и апаратот после секој терен.
Покрај оваа новонастаната ситуација, Арбнора Мемети ни раскажа дека за неа најголем проблем со кој инаку се соочува е крадењето на нејзините авторски фотографии.
„Феномен од кои ние уште многу долго
време ќе страдаме“ вели таа и додава „Ќе страдаме не од незнаење, туку од наивност и ароганција.
Живееме во едно општество каде што една слика е само слика што би можел секој
да ја направи, а превземањето на истата и објавувањето без авторското
право, се смета за ништо страшно.“
Кај нас, најлесно нешто што можеш да направиш е да го храниш народот со лажни вести -вели таа, потенцирајќи дека постои голем процент на луѓе кои се или медиумски неписмени или не се трудат да верификуват вести, па веруваат во се' што им се сервира.
Таа ни раскажа за последниот таков случај кој го имала со сликата со патките.
„Некој дечко ја земал сликата потпишана со мое име, и ја објавил во албум креиран од 2014 година, и сликата се појавила со тој датум, за многу кратко време „принт скринот“ од појавената слика со датум од 2014 година стана вирална на Твитер и многу луѓе, освен тие што ме следат на фејсбук, поверуваа во тоа.
Арбнора раскажува дека со многу тешкотии открила за кој станува збор, дечкото и признал и и' објаснил се', а потоа таа образложила и на нејзиниот профил.
„Тие што сакаа да знаат од кога е сликата со едно влегување на мојот профил би можеле да препознаат дека тоа е „фејк њуз“, но дури и после објаснувањето имаше од тие што не веруваат.“
Таа има само една цел - сите да бидат известени точно од нејзините слики и за тоа што навистина се случува. Тоа е цел и на сите останати фоторепортери кои се на фронтлајн и сите што работат во ова време - додава Арбнора.
Љ.И