Има три бракови зад себе, а заврши и љубовта со Алекс Родригез: Љубовните приказни на Џенифер Лопез

На 24 јули ќе полни 52 години, а изгледа помладо барем 15. Така велат нејзините обожаватели.

Американската пејачка, актерка и танчерка Џенифер Лопез е родена на 24 јули 1969 година. Родена е во Бронск, Њујорк, а по потекло е од Порто Рико.

Џенифер се проби во доцните 90-ти како актерка и пејачка и стана првата жена од Латинска Америка која заработи повеќе од еден милион долари со филмска улога, а се проценува дека таа продала над 55 милиони албуми ширум светот.

Покрај пеење и глума, оваа лавица е посветена и на вежбање и често споделува фотографии од теретана,

Џенифер се проби во јавноста како танчер. Таа се појави во 1991 година во шоуто „In Living Colour“, во кое ги покажа своите вештини во танцувањето. Џенифер одлучи да направи и актерска кариера, во 1997 година ја доби главната улога во филмот „Селена“, а за тоа доби и номинација за Златен глобус.

После филмскиот успех, таа се посвети на музиката, па во 1999 година го издаде својот деби албум „On the 6“, кој беше на врвот на топ листите низ целиот свет.
Додека нејзината музичка популарност растеше, Џенифер ја сними романтичната комедија „Свадба од чисто небо“. Таа стана првата жена што имала албум на врвот на музичките топ листи и филм кој имал низа успеси ширум светот.

Иако е многу успешна, Џенифер немаше лесен пат до успехот. Поради кариерата како танчер, таа се откажа од колеџ и се караше со нејзината мајка.
Лопез ги објави своите мемоари „Вистинска љубов“ во 2012 година, а во нив откри дека успешно го комплетирала триатлонот во 2008 година, што не е можно ако не сте физички подготвени пред тоа или ако не сте спортистка која цел живот се подготвува за тоа.

- Знаете, никогаш порано не сум сторила такво нешто. Трчав 10 милји кога имав 12 години, но никогаш не направив ништо дури и близу до тоа. Утрото на трката, кога стоев опкружена со илјадници папараци и се подготвував да скокам во морето, сфатив дека тоа не е најдобрата идеја - истакна Џенифер.

Пејачката привлекува внимание со својот изглед, а магазинот „People“ ја прогласи за најубава жена на светот. Покрај тоа, таа е единствената жена која беше трипати прва на списокот на 100 најсекси припадници на понежниот пол создаден од магазинот „FHM“.
Нејзината прва јавна љубовна врска беше со музичкиот продуцент и изведувач Шон Комбс, позната и како Паф Диди. 


Таа беше во врска и со американскиот актер Бен Афлек, а меѓу фановите, парот беше познат како „Бенифер“, но тие никогаш не зачекорија на лудиот камен.



Пејачката зад себе има три брака. Таа за прв пат се омажи во 1997 година, а беше во брак со актерот Ојани Ном (46), само една година.



И покрај неуспешните бракови, нејзината последна врска се одвива во добра насока од 2017 година, а Алекс е повеќе од заљубена во неа. Таа постојано открива дека тој во моментов е најголема поддршка во нејзиниот живот, а се вели дека парот работи на заедничко бебе преку ин витро оплодување.

Лопез стана првата актерка од Латинска Америка која заработи повеќе од милион долари на филм. После тоа, таа играше улоги во „Анаконда“ и „Далеку од очите“.

- Спиев во плакарот во студиото за танцување. Сакав кариера како танчерка и всушност бев бездомник – изјави таа еднаш.

По него, во 2001 година, таа се омажи за друг актер, Крис Џуд (50), и тие се разведоа две години подоцна. Нејзиниот последен, трет брак беше со музичарот Марк Ентони (51) и траеше 10 години. Поранешните сопружници имаат и близнаци Максимилијан и Ема (12), а нивната врска изгледаше како во романтичен филм, сè додека не се разведоа и не ја разграбија илузијата за совршен брак.

Се шпекулираше дека раскинале бидејќи пејачката наводно имала афера со кубанско-американскиот актер Вилијам Леви (39), кој се појави во нејзиното видео за песната „I'm Into You“ како главен актер.

Исто така, пејачката се погрижи да ги обезбеди најскапоцените делови од телото. Таа го осигура задникот за 27 милиони долари, а скапо ги наплаќа и своите нозе. Џенифер бара милион долари за секоја минута нејзино појавување во оглас, па не е ни чудо што има околу 400 милиони долари на нејзината банкарска сметка.

Ја раскинаа веридбата со Алекс Родригез


Имено, Џен и Алекс потврдија дека отсега секој оди по својот пат.

Двајцата ја открија веста во ексклузивната заедничка изјава за „Today“:

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме на тој начин. Ние ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме едни на други на нашите заеднички работни места и проекти. Ние си го посакуваме најдоброто едни на други и на нашите деца. Од почит кон нив, единствениот друг коментар што треба да го кажеме е благодарност до сите што ни испратија убави зборови и поддршка“, пишува во официјалното соопштение за јавноста.

Веста првпат кружеше во март годинава кога американските медиуми тврдеа дека тие ја откажале свршувачката, но повеќе извори тогаш рекоа дека двајцата „никогаш официјално не раскинале“ и дека сѐ уште се заедно.

„Сите обвинувања се неточни, работиме на некои работи“, рекоа тогаш Џеј Ло и Арод.

Да потсетиме, Џенифер и Алекс ја објавија веста за веридбата на Бахамите во 2019 година, по две години врска. Венчавката беше одложена веќе двапати, а пејачката јавно зборуваше на оваа тема пред неколку месеци.

„Моравме да ја откажеме свадбата поради короната и карантинот. Всушност, тоа го направивме веќе двапати, само луѓето не го знаат тоа “, рече Џенифер, откривајќи дека неколку пати посетиле терапевт и дека тоа и помогнало на нивната врска во тежок период.

Засега е непознато кога започнале неволјите во нивниот рај, но гласините за раскинување доаѓаат по гласините дека Алекс има нешто со sвездата на „Јужниот шарм“ Медисон Ле Крој, но тој во тоа време ги демантираше приказните.


Фото: Profimedia / Tanjug / AP