Имаат милиони, а за синот играчки купуваат од тезга: Пријовиќ и Филип на зимување во Златибор

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ купуваат играчки од пазарот од тезгите за нивниот наследник Александар, вели трговец од Златибор за српски Курир.

- Иако имаат пари да си ги дозволат најскапите играчки за деца, малиот беше најзадоволен од евтините ситници, вели трговецот.

Филип го туркал трициклот на кој Александар седел тивко, а малиот наследник гледал што му купила неговата мајка. Момчето било воодушевено од пластичниот автомобил.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandra__official)


 - Тие скоро цела зима ја поминуваат во Златибор. Често ги гледам како го возат детето на санка или скијат на планината. Го носат Александар во забавниот парк, кој се наоѓа веднаш до пазарот. Потоа шетаат меѓу тезгите и секогаш му купуваат играчки и никогаш не прават сцени. Пријовиќ е љубезна, секогаш остава бакшиш, а Филип молчи и е повлечен. Тој секогаш гледа во телефонот - откри трговецот.


Фото: Инстаграм/aleksadnra_official

Можеби ќе ве интересира:

Најслаткиот бакнеж на светот: Александра Пријовиќ го покажа синчето и ги разнежни сите со фотографијата