ИМАЛЕ И ДРУГИ БОЛЕСТИ - 82,6 отсто од починатите биле со претходни коморбидитети

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување. 

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш порача дека треба да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирус. 

„Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба. Од самите нас зависи“, напиша Филипче.

Инаку, во тој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10,9 отсто.

Регистрирани се случаи во 25 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45,9 отсто) и во Тетово (10,3 проценти). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Целиот текст за неделниот изнештај на Институтот за јавно здравје прочитајте го на Фактор.мк